Контакт

Црна хроника

Малолетникот осомничен за убиството во ГУЦ сè уште во бегство

Објавено пред

Полицијата сè уште трага по шеснаесетгодишниот малолетник кој е осомничен за убиството на деветнаесетгодишниот Мухамед Али Јашари, кој настрада во петокот во училишниот двор на средното градежно училиште „Здравко Цветковски“.

dobivaj vesti na viber

Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска вели дека ќе бараат малолетникот да одговара за убиство, но не се знае со каква квалификација ќе оди Обвинителот.„Иницијално нашиот предлог до Обвинителот е кривична пријава за убиство, сепак со каква квалификација ќе оди Обвинителот јас не би можела да кажам бидејќи тој го има последниот збор. Меѓутоа, важно е да испратиме една силна порака дека насилството во било која форма не смее и не може да се толерира“ рече Јанкулоска.Таа смета дека за да се намали насилството во училиштата треба поголема мобилизација на целото општество, а според неа, насилството своите корени ги влече од семејството и домот.„Сметам дека насилството своите корени ги влече можеби од најраната возраст и од онаму каде што се стекнуваат првите знаења односно се стекнува основата на воспитувањето, а тоа е семејството и домот. Секако дека целото општество има улога во воспитувањето на младите луѓе, тука пред сè мислам на педагозите, психолозите, наставниците, но не смее да се потцени и улогата на родителите бидејќи, како што реков, основните и првите знаења децата, уште пред да појдат на училиште, ги стекнуваат во кругот на семејството. Неопходно е да има една поголема мобилизација на општеството и да се едуцираат најмладите припадници на општеството дека секој проблем без разлика колку тој изгледа тежок и нерешлив, мора да се решава низ дијалог и толеранција“ вели Јанкулоска.Безбедноста во училиштата, според Јанкулоска, е во надлежност на градот или општината, а МВР презема мерки во однос на одржувањето на јавниот ред и мир и во делот на репресивниот дел ,односно тогаш кога ќе треба да се казнат сторителите. „Освен овој репресивен дел наша задача е да делуваме на превенција и едукација и токму тоа и го правиме и преку локалните совети за превенција и преку непосредни контакти и преку офицерите за превенција и  голем дел од нив одржуваат предавања во голем дел на училиштата, но сепак сметам дека е неопходно да се оди кон една поширока општествена мобилизација“ вели Јанкулоска.Резултатите од обдукцијата од Институтот за судска медицина официјално не ги соопштуваат, велат дека ќе бидат готови за четири до пет дена.Последните неофицијални информации велат дека момчето починало од удар во пределот на срцето.Денеска во училиштето „Здравко Цветковски“ беше одржана комеморација за смртта на ученикот.  Во среда Советот на Град Скопје ќе одржи вонредна седница за овој инцидент. Полицијата го уапси второосомничениот за учество во инцидентот, а истражен судија му одреди петнаесетдневен притвор.Според полицијата, причините за инцидентот биле банални. Ученикот кој го преживеа нападот, седумнаесетгодишниот Дарко имал недоразбирања со второосомничениот кој сега е во притвор и кој исто така е ученик во ГУЦ. И двајцата осомничени се од македонска националност.Пред неколку недели второосомничениот го нападнал Дарко пред неговата девојка со шлаканици во населбата каде што живее.Деветнаесетгодишниот Мухамед Али Јашари од Кондово во петокот се обиде да го спаси својот соученик – Македонец, но смртно настрада.

Црна хроника

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Објавено пред

МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.

dobivaj vesti na viber

На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.

На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.

На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Уапсен прилепчанец, побегнал од затворот во Куманово

Објавено пред

Вчера во 20.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 29-годишниот Е.М. од Прилеп, извести МВР.

dobivaj vesti na viber

„Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор – Куманово, поради бегство од затворот“, соопшти МВР.

Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворска казна од една година, три месеци и седум дена.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Уапсен Турчин на Деве Баир, на увид дал фалсификувани документи

Објавено пред

Вчера во 20.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот М.Д. од Република Турција, кој управувал товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека двете меѓународни зелени карти за осигурување биле фалсификувани, извести МВР.

dobivaj vesti na viber

Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Денеска ЗНАМ заедно со сите свои пддржувачи ја испишува новата политичка историја на македонската политичка сцена, рече вечерва претседателскиот кандидат...

Македонија9 часа

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Денеска е тежок удар за европската перспектива на Македонија, но не е доцна да се смени правецот, откажувањето не е...

Македонија9 часа

(Видео) Мицкоски: Цунамито се крена, на 8 мај ќе ги потопи целосно, победуваме со над 170.000 разлика

Денеска народот во Македонија покажа дека си ја сака Македонија и дека секој оној кој го потценува народот прваи голема...

Македонија9 часа

Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме, но нема предавање, утре е нов ден

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски....

Македонија9 часа

Силјановска за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова по завршување на првиот круг гласање од изборот за претседател на државата рече дека денешниот...

Македонија10 часа

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ посака среќа во вториот круг

Лидерот на ГРОМ и претседателски кандидат, Стевчо Јакимовски, вечерва призна пораз и ѝ честиташе водство на Гордана Сиљановска-Давкова.  Со оглед...

Македонија11 часа

Таравари: Земјотресот почна, се надевам дека на 8 мај ќе дојде промената ДУИ да биде опозиција

Масовниот одѕив на гласачите на овие претседателски избори за Арбен Таравари, претседателски кандидат на коалицијата ВЛЕН, е показател дека промените...

Македонија12 часа

Одѕивот до 18.30 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Одѕивот до 18.30 часот на седмите претседателски избори е 48,44 отсто од гласачите, според податоци од 3174 гласачки места. Претседателот...

Македонија12 часа

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Народот уште еднаш покажа дека знае и умее да ја процени важноста на овие избори, како крстопат кога се одлучува...

Македонија12 часа

ОЈО: Сите сомненија за кривични дела кои би можеле да го нарушат изборниот процес ќе бидат испитани

Во текот на изборниот ден до затворањето на избирачките места, на електронската адреса на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија...

Македонија12 часа

Левицата: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Од Претседателскиот изборен штаб на кандидатот за претседател Билјана Ванковска информираат дека денешниот изборен ден поминal мирно во фер и...

Македонија13 часа

Силјановска: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт, порача кандидатката за претседател, Гордана Силјановска Давкова по гласањето во првиот...

Македонија13 часа

„Нека победи подобриот“ – Таравари рече дека поседува видео снимки за купување на гласови

Кандидатот за претседател, Арбен Таравари, гласаше со своето семејство, пришто порача изборите да бидат фер и демократски. „Нека победи подобриот....

Македонија13 часа

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Билјана Ванковска, претседателски кандидат на Левица го оствари своето право на глас на ИМ во ОУ „Јан Амос Коменски“ во...

Македонија13 часа

(Видео) Пендаровски: Држава што преговара со ЕУ не смее да си дозволи лош изборен процес

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски, денеска гласаше на првиот круг од претседателските избори. Во изјава за медиумите Пендаровски истакна дека...

Македонија14 часа

Во Куманово не се гласа на три избирачки места, на едното се изгубил печатот

Прекин на гласањето има на три места во Куманово, информираше претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски. Како што...

Македонија14 часа

Одѕивот до 17 часот изнесува 44,18 отсто – за околу 9 проценти повеќе во споредба со претходните претседателски избори

До 17 часот во првиот круг од претседателските избори, своето право на глас го оствариле 397.612 избирачи, или 44,18 отсто....

Македонија16 часа

Петмина си ги фотографирале гласачките ливчиња, полицијата ги фати

Пет лица во периодот од 11 до 14 часот, биле фатени од страна на полицијата оти ги фотографирале своите гласачки...

Македонија18 часа

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Основното јавно обвинителство Делчево истражува предмет за изборен поткуп со бесплатно поставување водомери. Обвинителот Џељаљ Бајрами, претседател на комисијата на...

Македонија19 часа

Штипјанец и скопјанка фатени како ги фотографираат гласачките ливчиња, а жител на Бучим му го покажал ливчето на набљудувач

Од отворањето на гласачките места досега имаме регистрирано две фотографирања на гласачко ливче, едно во Скопје, а едно во Штип....