Црна хроника
Измамена старица дека на бања ќе оди бесплатно
Осидмедес иедно-годишна старица од Скопје, била измамена од едно женско лице кое се претставило како претставник од Министерство за здравство
Измамничката на бабичката и’ рекла дека посредува околу детални медицински прегледи во Клинички Центар по минимални цени, одење на бањско лекување на сметка на министерството, разни снимања и друго. Побарала и бабата и дала 5.000 денари, како аванс за користење на медицинските услуги. Потоа измамничката и оставила телефонски број кој не е активен, а како презентација и дала влошки за чевли и појас за половина. Полицајците од полициската станица во Кисела Вода трагаат по измамничката.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Девојче нападнато од соученичка во основно училиште во Гази Баба
Ученичка била нападната пред два дена во основно училиште во Гази Баба.
Според пријавата, девојчето било нападнато од негова соученичка, а за случајот алармирал таткото на натепаното девојче.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Обид за убиство во прилепскиот затвор: со нож избоден осуденик
Полицијата поднесе кривична пријава против С.Р.(28) и Д.К.(39), двајцата од Прилеп, поради убиство во обид.
Од МВР информираа дека инцидентот се случил на 7 април во прилепскиот затвор, каде двајцата издржувале затворски казни.
Тие физички го нападнале осуденикот С.Ч., при што првопријавениот со нож му нанел убодна рана.
Црна хроника
Кривична за вработен во Национални шуми
Полицијата поднесе кривична пријава против Ј.Ш.(49) од Скопје, вработен во ЈП „Национални Шуми“, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“.
На 17.07.2023, пријавениот потпишал службена исправа во која внел неточни податоци за количината на натоварените дрва, со намера да се стекне со противправна имотна корист, објави МВР во дневниот билтен.