Црна хроника
Лажни Сиријци ограбиле Скопјанец
Во Скопје на ул.„Љубљанска“ поточно на последната автобуска постојка на бр.19, две лица измамиле скопјанец и го ограбиле за 180 евра
Измамениот Т.Ј. од Скопје додека стоел на автобуската му се доближиле две лица. Едното се претставило дека е од Сирија и му рекол дека имал сообраќајна незгода, по што му побарал да му даде банкноти во евра за да ги покажел на неговата мајка, која била на лице место кај што се случила наводната сообраќајка, а другото лице останало со него.По кратко време, второто лице му кажало на Т.Ј. дека ќе оди да види што прави Сириецот, по што се качило во такси и заминало во непознат правец. Кога скопјанецот сфатил дека е измамен пријавил во полициската станица „Карпош“ и по измамниците се трага.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мотоциклист удри во пешак на „Партизанска“, двајцата повредени
Синоќа, на булеварот Партизански одреди во Скопје, мотоцикл „дукати“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Е. П. (27) од Скопје, удрил во пешакот Н. Ѓ. (30) од с. Рашче, Скопско.
Во несреќата тешки телесни повреди добил пешакот, а мотоциклистот добил телесни повреди, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје, објави МВР.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Почина затвореник во Идризово
Вчера во 19:15 часот во СВР Скопје, од Казнено поправна установа Идризово Скопје било пријавено дека Р.Ф.(52) од с.Речане-гостиварско (осудено лице) починал, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи знаци на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Црна хроника
Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош
Во 03.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Карпош, од страна на непознати сторители, со употреба на физичка сила било влезено и одземен бил сеф со пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.