Црна хроника
Идризи од „Мавровски работници“ на слобода
Првообвинетиот од случајот „Мавровски работници“, Шкодран Идризи од средата попладне е на слобода
Кривичниот совет на Основниот суд 1 во средата донел одлука да му го укине притворот, му го одзел пасошот и сега ќе има обврска да се јавува во Основниот суд во Тетово секој понеделник.Од судот велат дека Кривичниот совет донел ваква одлука по службена должност, бидејќи истекувал законскиот рок од 2 години во притвор од подигнатото обвинение. „Притворот е укинат поради истекот на две години по подигнување на обвинението, кој е максимален законски период на траењето на притворот за кривичните дела за кои може да се изрече казна затвор доживотен затвор“ се вели во соопштението. Идризи го одложуваше притворот во 2002 г., потоа не беше достапен до јануари минатата година, кога беше екстрадиран од Германија.Тој е осомничен за малтретирањето на работниците од градежното претпријатие „Маврово“. Судењето за овој случај, кој е еден од хашките, постојано се одложува. Адвокатите бараа слобода со образложение дека притворот повеќе не е потребен со образложение дека сите уредно ќе се јавуваат на рочиштата, како и оние кои не се во притвор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена истепана од својот вонбрачен партнер во центарот на Скопје
Вчера попладне во 13.00 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена пријавила дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер, 49-годишниот М.М. од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Расправија околу сообраќајна незгода заврши со тепачка меѓу двајца скопјани
Вчера попладне во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по расправија околу претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 60-годишниот В.А. и 34-годишниот М.Ч., двајцата од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Во Тетовско, во предизборен молк се лепел пропаганден материјал, полицијата го расчистува случајот
Денеска во 01.05 часот полициски службеници од СВР-Тетово постапиле по пријава дека лица кои биле со патничко моторно возило, во тетовски села, во период на предизборен молк, лепат пропаганден материјал за претстојните претседателски избори, при што во тетовско Синичане биле затекнати Р.Р.(19) и малолетник, двајцата од истото село, како поставуваат пропагандни материјали за кандидат за претседател на претстојните претседателски избори, извести МВР.
Со нив е извршен службен разговор во Полициско одделение-Камењане, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.