Црна хроника
Скопјанец изнудувал пари од сограѓанка
Скопјанец со закани по живот за нејзината малолетна ќерка, изнудувал пари од 38. годишна жена, соопшти денеска полицијата.
Триесет и тригодишниот Ф.З. од почетокот на 2008 година, почнал лично да и упатува закани на С.С., барајќи да му исплати 4.000 евра, наводно заради тоа што тој му дал толку пари на лицето 33. годишниот Н.С. наводно за да не го убиел нејзиниот пријател и во тоа време подстанар 41. годишниот З.Т. од Скопје.Изнудувачот во неколку наврати доаѓал лично дома во куќата на оштетената и и упатувал закани со пиштол.Жената случајот го пријавила во полиција, по што и биле дадени обележани 1.000 евра, кои таа завчера му ги дала на Ф.З.. Полицијата го привела изнудувачот и кај него ги пронашла обележаните пари.Покрај Ф.З., бил уапсен и 37. годишниот З.Б. кој му помагал во спроведувањето на изнудата.На Ф.З. му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.