Црна хроника
Искршени прозорски стакла во изборен штаб на СДСМ
Непознати сторители завчера вечер го демолирале изборниот штаб на СДСМ на улица „Ѓорче Петров“ во Скопје, соопшуваат од МВР
Искрешени се четири прозорски стакла со што е причнета материјална штета од околу 18.000 денари. Минатата недела беа демолирани вкупно осум партиски штабови, од кои пет на СДСМ, два на Обедниети за Македонија и еден на ВМРО – ДПМНЕ. Досега, полицијата не пронашла ниту еден од сторителите кои ги демолираа партиските штабови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.