Црна хроника
Тепачка со секира во село Љубанци за невеста бегалка
Рано во саботата наутро се случил тежок инцидент во село Љубанци-Скопје
Се тепале со секира за невеста бегалка во куќата сопственост на К.Ј. татко на невестата бегалка упаднале А.Н., неговата сопруга и уште едно непознато лице. Со секира ја удриле влезната врата од куќата, и откако К.Ј. влегол во ходник, А.Н. со секирата замавнал кон него. Но К.Ј. успеал да го избегне ударот. Тогаш А.Н. се обидел да ја удри и сопруга на К.Ј., но не успеал во намерата. Била повикана полиција кога ги смирила скараните и ке поднесе соодветни пријави за учесниците во тепачката. Причина за нападот била кавга оти ќерката на К.Ј. заминала бегалка во куќата на А.Н..
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.