Црна хроника
Пронајдено тело на момче исчезнато пред десет дена
Х.К. од селото Дебреше-Гостивар, пријавил дека во шума на околу 3 км од селото кај месноста викана „Млаки на Зилкадри“, пронашол непознат машки леш
Увид на лице место извршиле истражни органи од полицијата од Гостивар, а од Т.С. извршена е идентификација на лешот и е констатирано дека се работи за неговиот син Мерсел С.(1974) од истото село. Момчето било пријавено дека на 29 април исчезнал.На околу 5 метри од лешот било пронајдено пластично шише во кое имало засушена непозната материја, една најлонска кеса и една опаковка со натпис „Метомил“, а околу истата имало непозната прашкаста материја. По наредба на ИС, лешот е пренесен во медицинскиот центар во Гостивар, каде се врши обдукција. Истиот ден во атарот на село Долно Лисиче-Скопје, додека работел во својата нива која се наоѓа во близина на течението на реката Вардар, во водата блиску до десниот брег, В.Т. од Скопје, забележал човечки леш заглавен во гранките, по што го пријавил настанот во полицијата во Аеродром. Телото кое е во фаза на распаѓање, од реката е извадено и по увидот е предадено за обдукција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец, побегнал од затворот во Куманово
Вчера во 20.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 29-годишниот Е.М. од Прилеп, извести МВР.
„Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор – Куманово, поради бегство од затворот“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворска казна од една година, три месеци и седум дена.
Црна хроника
Уапсен Турчин на Деве Баир, на увид дал фалсификувани документи
Вчера во 20.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот М.Д. од Република Турција, кој управувал товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека двете меѓународни зелени карти за осигурување биле фалсификувани, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.