Црна хроника
Водачите на Балистите ослободени предвреме од притвор
Тетовскиот истражен судија ги ослободи од притвор двајцата припадници на навивачката група Балисти, Шкљзен Мета и Арлинд Мета кои нападнаа две момчиња и полициски службеник, и покрај тоа што пред десетина дена им беше одреден 30-дневен притвор.
Како што стои на сајтот на тетовскиот суд, двајцата биле ослободени од притвор од пред три дена.
„Од страна на Истражниот судија на Основен суд Тетово, судија Ајрула Идризи на ден 19.03. 2012 година донесено е решение Ки.бр. 67/12 со кое е укината мерката притвор на А.М и Ш.М. И двајцата од Тетово согласно чл. 206 од ЗКП“ стои во соопштението објавено на сајтот. Истрагата завршила и сослушани биле сите сведоци на кои осомничените би можеле да влијаат.
Министерот за правда, Блерим Беџети во однос на овој случај вели дека тој не ги контролира судовите.
„Ќе се обратите до судот и ќе побарате дополнителни информации. Јас не ги контролирам секојдневно судовите, па да знам како постапиле“, рече министерот за правда Беџети.
Двајцата навивачи беа приведени за инцидентот во Тетово во којшто беа нападнати двајца граѓани, а полицаец беше расечен со нож во обид да го расчисти нападот.
Навивачите се ослободени пред двата фудбалски натпревари во Тетово, кои беа прогласени за настани од висок ризик./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тетовец ја истепал сопругата
Полициски службеници на СВР Тетово, вчеравечер околу 21 часот и 35 минути во Тетово го лишиле од слобода 40-годишниот тетовец М.Е.
Тој претходно бил пријавен од неговата 43-годишна сопруга дека во семејниот дом физички ја нападнал.
Задржан е во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен соодветен поднесок, соопштија надлежните.
Црна хроника
Приведен крадец во Кавадарци
Вчера во 18.50 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го привеле Ф.Ј.(18) од Кавадарци.
Тој се сомничи дека извршил „кражба“ од дворот на манастирот „Свети Никола Моклишки“ во атар на с.Ваташа, кавадаречко, при што одзел повеќе предмети. Кај него биле пронајдени одземените предмети и биле вратени на сопственикот.
За настанот бил известен јавен обвинител и по негово документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
167 санкционирани возачи во Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје вчера продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 167 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 16 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, 14 санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, девет мерки за користење на мобилен телефон при возење…