Црна хроника
Недолично навивање на „Фемили“ – еден приведен
Недолични навивања и палење на пиротехнички средства на кошаркарските натпревари кои се одржаа викендов во спортската сала „Борис Трајковски“, соопшти МВР.На кошаркарскиот натпревар помеѓу кошаркарските екипи „МЗТ“ и „Торус“ што се одигра во саботата, навивачката гр
На кошаркарскиот натпревар помеѓу кошаркарските екипи „МЗТ“ и „Торус“ што се одигра во саботата, навивачката група „Фемили“ дофрлувала пораки со навредлива содржина, а биле запалени и пиротехнички средства.
Полицајците привеле еден дваесет и четиригодишник кој ги повикувал и поттикнувал навивачите на „Фемили“ на тепачка и напад на полицајците.
Во неделата на кошаркарскиот натпревар помеѓу екипите на „МЗТ“ и „Фени Индустри“-Кавадарци навивачите од „Фемили“палеле пиротехнички средства.
Во тек се мерки за целосно расчистување на двата случаи./крај/мвр/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Девојче нападнато од соученичка во основно училиште во Гази Баба
Ученичка била нападната пред два дена во основно училиште во Гази Баба.
Според пријавата, девојчето било нападнато од негова соученичка, а за случајот алармирал таткото на натепаното девојче.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Обид за убиство во прилепскиот затвор: со нож избоден осуденик
Полицијата поднесе кривична пријава против С.Р.(28) и Д.К.(39), двајцата од Прилеп, поради убиство во обид.
Од МВР информираа дека инцидентот се случил на 7 април во прилепскиот затвор, каде двајцата издржувале затворски казни.
Тие физички го нападнале осуденикот С.Ч., при што првопријавениот со нож му нанел убодна рана.
Црна хроника
Кривична за вработен во Национални шуми
Полицијата поднесе кривична пријава против Ј.Ш.(49) од Скопје, вработен во ЈП „Национални Шуми“, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“.
На 17.07.2023, пријавениот потпишал службена исправа во која внел неточни податоци за количината на натоварените дрва, со намера да се стекне со противправна имотна корист, објави МВР во дневниот билтен.