Црна хроника
Македонската полиција пресече меѓународен канал за хероин
Меѓународен канал на недозволена трговија со хероин на релација Македонија – Грција и понатамошен транспорт во Шпанија, пресечен е од страна на македонската полиција во рамки на акцијата „РЕАЛ“.
Во рамки на акцијата беа идентификувани осум членови на криминалната група, македонски државјани на возраст од 25 до 63 години, се вели во соопштението на МВР. Осомничените и претходно и се познати на полицијата и против нив во повеќе наврати се процесуирани кривични пријави, а за дел од нив постоеле оперативни сознанија дека се дел од таканаречената „Франкфурт мафија“. Откако осомничените биле извесно време следени од полицијата, вчера попладне биле преземени координирани мерки и активности на излез од државата на граничниот премин „Богородица”, каде било сопрено возило „Опел Омега” со скопски регистарски таблици, сопственост и управувано од лицето О.М.(1978) од Скопје.При извршен детален преглед на возилото, во задната лева фабричка шуплина на багажниот простор на возилото пронајдени се пет пакувања правоаголна форма облепени со широка бела селотејп лента, во кои имало околу 2,5 кг високо квалитетен хероин. Вредноста на запленетиот хероин на наркопазарот во Европа изнесува околу 100 000 евра на големо, додека на мало може да достигне три пати повисока цена. При реализација на случајот извршени се пет претреси во дом и други простории на подрачјето на Скопје, Велес, Струга и Охрид, при што не се пронајдени предмети од интерес на службата. До Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ќе биде поднесена кривична пријава против лицата Б.И.(1986) од с.Студеничани, М.А.(1972), М.П.(1971) двајцата од Велес, А.Г.(1948) од Охрид, М.Н.(1965) од с.Калишта, Струга, Д.Д.(1982) од с.Ливада, Струга, О.М.(09.09.1978) од Скопје.Полициски службеник од Велес е осомничен дека и помагал на групата за што истиот ќе биде кривично гонет. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Крадел во викенд-куќа во Берово: уапсен 36-годишен маж
Вчера, во 18.40 часот, во викенд-куќа на улицата Туристичка во Берово, полициски службеници од Полициската станица Берово го лишиле од слобода Б. Ч. (36) од Берово.
Тој бил затекнат при извршување кривично дело тешка кражба од викенд-куќата, од каде што одзел повеќе предмети.
Бил задржан во полициска станица и во службен разговор признал уште едно кривично дело тешка кражба од друга викенд-куќа.
Некои од одземените предмети биле пронајдени и вратени на оштетените граѓани. По комплетирање на случаите, против Б. Ч. ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Црна хроника
Двајца уапсени, пукале пред кафеана во Охрид
Денеска, во 00.15 часот, пред угостителски објект во охридската населба Чекоштина, полициски службеници од СВР Охрид ги приведоа 67-годишниот К. Б. и 37-годишниот М. П., двајцата од Охрид, извести СВР Охрид.
„Тие претходно го нарушиле јавниот ред и мир со пукање во воздух од пиштол ‘радом’ во калибар од 9 милиметри, сопственост на М. П.“, велат од СВР Охрид.
Пиштолот е одземен и по целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Топ
Нападната и ограбена охриѓанка, со тешки повреди пренесена во болница
Вчера во 10.15 часот во СВР Охрид е пријавено дека, на улицата „Марко Несторовски“ во Охрид, едно лице физички ја нападнало 53-годишната О.Т. од Охрид и ѝ одзел пари, извести СВР Охрид.
„Притоа, таа се здобила со тешки телесни повреди констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид“, велат од СВР Охрид.
За настанот, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.