Црна хроника
Крадец провалил во куќа и се обидел да ги ограби сопствениците додека спиеле
Маскиран и вооружен разбојник завчеравечер провалил во куќа во тетовското село Нераште и се обидел да ги ограби сопствениците додека спиеле, соопшти МВР.
Разбојникот кој крадел по куќи и претходно, завчеравечер околу 2 часот по полноќ маскиран со чорапа на главата и со штрафцигер и секира во рацете влегол во куќата во сопственост на четириесетгодишниот Ф.Е. од село Нераште.
Насилно ја отворил вратата и почнал да пребарува додека сопственикот на куќата со својата жена и син спиеле.
Во еден момент сопственикот на куќата се разбудил и се обидел да го спречи, па почнале да се тепаат.
Се разбудила и неговата жена и заедно го совладале крадецот и му ја извадиле чорапата од главата, по што избегал.
Случајот го пријавиле во полиција, а крадецот бил фатен и приведен во СВР Тетово. Станува збор за четириесет и тригодишне жител на село Нераште./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.