Црна хроника
Раководството на Агроплод продало државен имот во Сараево
Шест лица на раководни функции во АД “Агроплод“-Ресен заработија кривична пријава затоа што продале државен имот во Сараево на босанска компанија, при што ја оштетиле државата за 79.925 евра.
Одделот за финансиски криминал поднесе кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластувања против Н.П. (64) претседател на одборот на директори, В.С. (58) генерален извршен директор и член на одборот на директори, М.С. (49), Ц.Р. (52), Д.С. (58) и П.П. (68) членови на одборот на директори.
Имено, АД “Агроплод“-Ресен, согласно одредбите од Законот за трансформација на претпријатијата со општествен капитал во 1995/96 година спровело постапка за приватизација при што деловни објекти во нивна сопственост, кои биле на територијата на поранешните југословенски републики, односно во Сараево (Босна и Херцеговина) не биле опфатени во проценката, заради што согласно горепосочениот закон овој имот преминал во сопственост на Република Македонија.
Меѓутоа, пријавените како раководни лица во АД “Агроплод“-Ресен и покрај тоа што знаеле дека деловните објекти во Сараево не се повеќе сопственост на компанијата, ја злоупотребиле службената положба и овластувања и наместо за постоењето на недвижниот имот да ја известат Владата на РМ, со цел да се отпочне постапка за промена на сопственоста, тие продолжиле да стопанисуваат со имотот, односно продолжиле да ги издаваат деловните простории под закуп на други правни лица.
Од страна на Владата на РМ, по дознавањето за постоење на недвижниот имот, до АД “Агроплод“-Ресен доставено е известување дека истиот е сопственост на Република Македонија.
Но, во текот на 2010 година со договор за купопродажба пријавените го продале деловниот простор на правно лице “Винојуг“ ДОО Сараево за износ од 79.925 евра со што за таа сума ја оштетиле Република Македонија. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.