Црна хроника
Седум малолетници одговорни за девет кражби во Бутел
Седум малолетници, на возраст од 12 до 16 години, се осомничени за серијата кражби што во текот на март и почетокот на април се случија во скопската населба „Бутел“.
Малолетниците, штитеници на Јавната установа за згрижување на деца со воспитно социјални проблеми се осомничени дека извршиле кражби во осум продавници и во детската градинка „11 Октомври“, а извршиле и три оштетувања на продавници и тезга на пазарот во Бутел.
Цигари, сокови, бомбоњери, чоколади, колачиња, лижавчиња, мастики, прехранбени производи, детски играчки биле дел од пленот на малолетниците.
Дел од малолетниците се осомничени и за провалата во детската градинка „11 Октомври“ на почетокот на месецот, кога покрај оштетувањата на самиот објект преку кршење, шарање со спреј и претурање, со себе однеле два ДВД плеери.
Полицијата во Чаир ќе поднесе соодветни пријави за малолетниците. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.