Црна хроника
Откриени 20 нелегални мигранти од северна Африка и Пакистан
Три лица заработија кривични пријави откако е утврдено дека во два случаи криумчареле 20 мигранти од северноафриканските земји и Пакистан, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Во првиот случај, кривична пријава заработи 33-годишна скопјанка која им обезбедила преноќиште на 13 илегални мигранти од Алжир, Мароко, Еритреја, Судан и Тунис во куќа на улицата „Иво Лола Рибар“. Мигрантите пристигнале во земјата на 6-ти април преку Гевгелија. За престојот за осум од нив наплатила 40 евра.
Во вториот случај, кривични пријава заработија 20-годишен Германец и 48 скопјанец, кои извршиле превоз на група од седум пакистански државјани од Скопје до кумановското село Лојане. Шест од нив се сместени во Прифатниот центар за странци, додека еден од нив засега е недостапен за полицијата. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец, побегнал од затворот во Куманово
Вчера во 20.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 29-годишниот Е.М. од Прилеп, извести МВР.
„Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор – Куманово, поради бегство од затворот“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворска казна од една година, три месеци и седум дена.
Црна хроника
Уапсен Турчин на Деве Баир, на увид дал фалсификувани документи
Вчера во 20.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот М.Д. од Република Турција, кој управувал товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека двете меѓународни зелени карти за осигурување биле фалсификувани, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.