Црна хроника
Таксист наместо патници разнесувал дрога низ Скопје
Три лица се уапсени поради недозволена трговија со марихуана и кокаин на територијата на Скопје, информираат од МВР.
Дваесет ишест годишен таксист е осомничен дека во повеќе наврати пренесувал и продавал кокаин на купувачи што ги обезбедувал 20-годишен скопјанец. Дополнително, двајцата набавувале марихуана од 24-годишен скопјанец, која била препродавана на непознати лица.
Таксистот е уапсен во средата во скопската населба „Тафталиџе“, откако кај него се најдени девет полиетиленски пакувања со 5,94 грама кокаин по што истиот е лишен од слобода.
Обезбедени се докази за инволвираност на членовите на криминалната група и во два други случаи на недозволена купопродажба на кокаин и марихуана, при што се запленети 2.17 грама кокаин и 3.16 грама марихуана. Во сите три случаи и од изршените претреси запленети се вкупно 8.11 грама кокаин и 3.16 грама марихуана. На тројцата им е одреден 30-дневен притвор.
Покрај ова, во изминатите денови се реализирани уште два случаи на недозволена трговија со дрога. Во првиот случај се пронајдени и одземени 777,4 грами марихуана и 6,27 грама семки од марихуана и пријавено е 41-годишно лица, додека во вториот случај се пронајдени и запленети 19,87 грама кокаин и 4,42 грами марихуана и пријавено е 28-годишно лице. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.