Црна хроника
Грабнале и уценувале мигранти од Пакистан и Авганистан
Жител на кумановското село Лојане и еден Пакистанец грабнале и уценувале мигранти од Пакистан и Авганистан, соопшти МВР. Против нив се поднесени кривични пријави за грабнување, криумчарање мигранти и пуштање во промет на наркотични дроги.
Пакистанецот со уште четири непознати лица грабнал двајца мигранти од Пакистан и ги однел во куќата на жителот на Лојане. Таму ги малтретирале психички и физички и им барале да им дадат 4.000 евра за да ги пуштат до одат во Србија.
Ги терале да се јавуваат кај своите роднии во Пакистан да им испратат пари за да ги ослободат.
Единици на СВР Куманово, Интерпол во Македонија и Бугарскиот одел за организиран криминал во куќата на жителот од Лојане пронашле 21 странски државјанин, 19 лица од Авганистан и две лица од Пакистан, како и 543 грама марихуана, 3040 евра , пет СИМ картички, осум мобилни телефони, две радио врски, ловечка пушка, еден ловечки елек и испратница од 2100 евра од Вестерн унион.
Полицијата се сомнева дека двајцата уапсени и претходно криеле во куќата емигранти од Арапските земји им земале по пет евра за престојот. Истражен судија им одреди 30-дневен притвор. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.