Црна хроника
Жртвите не биле малтретирани пред и по убиството
По направените обдукции врз телата на убиените кај Смилковци, на телата на жртвите не се најдени друг вид повреди освен прострелните рани, рекоа во неделата специјалистите од Судска медицина кои го вршеле вештачењето, Билјана Јаневска и Златко Јаќовски.
Според наодите на Судска медицина, не се забележани повреди нанесени пред или по настапувањето на смртта. Тоа покажува, според експертите, дека жртвите не биле претходно малтретирани. Скршениците на вилицата и на ногата кај некои од жртвите, биле предизвикани од проектилите со коишто било пукано кон нив .
„И тие скршувања што се најдени кај некого на вилицата, кај некого на рбетот се скршувања затоа што каналот на огнострелната повреда поминувал од таму. Не сме нашле траги дека биле врзани. Такви повреди не се најдени, сите повреди се од огнострелните рани“ изјави Билјана Јаневска, специјалист по судска медицина.
Некои од жртвите биле убиени од непосредна близина, додека за некои се чека целосно исушување на облеката за да може да се утврди од која далечина било пукано во нив.
Кај сите жртви најдени се по неколку прострелни рани, во грбот, главата и градниот кош. Пронајден е само еден куршум во телата на егзекутираните, што ги потврдува сомневањата дека злосторниците употребиле оружје со голема моќност.
Од таму не можат да кажат од која страна било пукано врз убиените, од задната или од предната.
„Имаме ние правци, канали, се работи за една динамика. Секој од починатите има по неколку огнострелни повреди и конечно за динамиката на самиот настан каде кој стоел и од каде е пукано, такво мислење даваме заедно со балистичарите. Има и од задната страна на телата има на грбот на градниот кош и од лево и од десно, нема една строга дефинираност со еден правец на протегање“ рече Јаневска.
Вештачењето го направиле три екипи со над 10 лица. Обдукцијата била направена по европски стандарди и е обезбдена фотодокументација и материјални докази за второ мислење.
Во четвртокот вечерта кај езерото во атарот на скопското село Смилковци, беа убиени Александар Наќовски, Цветанчо Ацевски, Кире Тричковски и Филип Славковски на возраст од 18 до 20 години од скопската населба Радишани и 45-годишниот Борче Стефковски од село Црешово додека ловеле риба на езерото кај Смилковци. Сé уште не се познати мотивите за ова грозоморно злосторство /крај/мф/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.