Црна хроника
Македонец ликвидиран јужно од Сиднеј
Триесет идве годишниот Дарко Јанчески со повеќе истрели е убиен пред домот на неговите родители во Беркли, јужно од Сиднеј, јавува „Дејли Телеграф“ (The Daily Telegraph).
Според информациите на полицијата, на Јанчески најверојатно било неколку пати пукано во моментот додека стоел пред куќата на своите родители. Се претпоставува дека убиецот бил на мотор, по што веднаш побегнал од местото.
„Дарко излегол пред куќата и моторциклистот испукал неколку куршуми во негов правец“, изјави Вејн Старлинг од локалната полицијата.
Медицинските служби пристигнале веднаш, но Јанчески починал на пат кон болницата во Волонгонг.
Полицијата ја проверува поврзаноста на нападот со претходните два обида за ликвидација на Јанчески лани во ноември и јануари годинава.
Македонецот до неодамна бил член на моторџиска група, од каде бил исфрлен. /крај/дт/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Почина затвореник во Идризово
Вчера во 19:15 часот во СВР Скопје, од Казнено поправна установа Идризово Скопје било пријавено дека Р.Ф.(52) од с.Речане-гостиварско (осудено лице) починал, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи знаци на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Црна хроника
Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош
Во 03.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Карпош, од страна на непознати сторители, со употреба на физичка сила било влезено и одземен бил сеф со пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со трактор излетал од коловоз, тешко повреден маж во Виничко
Вчера, во 17 часот, во Полициската станица Виница било пријавено дека во село Трстија, Виничко, трактор „фергусон“, со штипски регистарски ознаки, управуван од 63-годишниот С. Ј. од село Нов Караорман, општина Карбинци, излетал од коловозот, извести МВР.
„Во несреќата тешки телесни повреди добил возачот, констатирани во Клиничката болница во Штип“, соопшти МВР.
Извршен бил увид од екипа на ОВР Виница.