Црна хроника
Траги во „опелот“ има, но треба време да се анализираат
Најдени се многу траги во темноцрвениот „опел“ за којшто Министерството за внатрешни работи има докази дека бил на местото на петкратното убиство кај скопско Смилковци, но е потребно време тие да се анализираат, брифираат од МВР.
Полицијата ја знае историјата на возилото но не открива детали кога било внесено во Македонија, кој го купил и кој го продал, но потврдуваат дека било од поодамна влезено во земјата.
Се испитуваат сите безбедносни камери на бензинските пумпи, а имало и граѓани кои доброволно се јавувале дека имаат снимки направени со безбедносни камери од нивните домови и дека снимките може да и’ послужат на полицијата. Се проверуваат педесетина снимки за коишто е потребен одреден временски период да се прегледаат и да се утврди дали автомобилот е регистриран на некоја од нив.
Со анализа на земјата која била најдена на гумите на автомобилот било утврдено дека „опелот“ бил на местото на убиството.
Случајот бил пријавен околу 22.15 часот. Луѓе коишто минале крај езерото пријавиле дека виделе од далеку оти покрај езерото лежат тела. Тие не знаеле дали се мртви или нешто друго им се случило. Вториот повик следувал во 22.30 часот, кога рибари пријавиле дека има пет мртви тела. Убијците најверојатно дошле од надвозникот кај езерото.
Министерството за внатрешни работи не исклучува ниеден аспект или сценарио во истрагата, но нема да брзаат со квалификација. Во игра е и сценариото кое се шпекулира во јавноста, дека ова е одговор на полициската акција „Детонатор“ што ја стресе источна Македонија.
Од полицијата велат дека тоа што во јавноста не се изнесуваат детали, не значи дека полицијата нема информации. Од соседните држави засега се уште нема никакви информации освен декларативна помош./крај/мф//фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Крадел во викенд-куќа во Берово: уапсен 36-годишен маж
Вчера, во 18.40 часот, во викенд-куќа на улицата Туристичка во Берово, полициски службеници од Полициската станица Берово го лишиле од слобода Б. Ч. (36) од Берово.
Тој бил затекнат при извршување кривично дело тешка кражба од викенд-куќата, од каде што одзел повеќе предмети.
Бил задржан во полициска станица и во службен разговор признал уште едно кривично дело тешка кражба од друга викенд-куќа.
Некои од одземените предмети биле пронајдени и вратени на оштетените граѓани. По комплетирање на случаите, против Б. Ч. ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Црна хроника
Двајца уапсени, пукале пред кафеана во Охрид
Денеска, во 00.15 часот, пред угостителски објект во охридската населба Чекоштина, полициски службеници од СВР Охрид ги приведоа 67-годишниот К. Б. и 37-годишниот М. П., двајцата од Охрид, извести СВР Охрид.
„Тие претходно го нарушиле јавниот ред и мир со пукање во воздух од пиштол ‘радом’ во калибар од 9 милиметри, сопственост на М. П.“, велат од СВР Охрид.
Пиштолот е одземен и по целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Топ
Нападната и ограбена охриѓанка, со тешки повреди пренесена во болница
Вчера во 10.15 часот во СВР Охрид е пријавено дека, на улицата „Марко Несторовски“ во Охрид, едно лице физички ја нападнало 53-годишната О.Т. од Охрид и ѝ одзел пари, извести СВР Охрид.
„Притоа, таа се здобила со тешки телесни повреди констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид“, велат од СВР Охрид.
За настанот, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.