Црна хроника
Тепачкa во скопски ноќен бар
Поради недоразбирање околу плаќањето на сметката, ноќеска во скопскиот кафe бар „Тренд“ избила тепачка меѓу гостин и менаџер на локалот.
Како што соопшти скопската полицијата, вечерта кон неделата, околу 1,25 часот, во во кафе барот „Тренд“ во центарот на главниот град Скопје, настанала тепачка меѓу 52-годишниот гостин и 23-годишниот менаџер. Прво настанал проблем околу плаќањето на сметката меѓу гостинот и персоналот, при што тој почнал да ја навредува и пцуе една од вработените, по што менаџерот во локалот со тупаници го удирал во слепоочницата.
Притоа гостинот се здобил со повреди, за што му била укажана лекарска помош во Клиника за максилофацијална хирургија при Клинички центар Скопје.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок./крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.