Црна хроника
Ограбени три цркви во тетовско
Ограбени три цркви во тетовско, една во селото Отуње и две во селото Џепчиште, соопшти МВР.
Првата кражба се случила во црквата „Свети Ѓорѓија“ во понеделникот навечер кога разбојникот насилно ја отворил влезната врата на црквата и украл 600 денари кои биле оставени во дрвена курија, како доброволен прилог.
Втората кражба се случила вчера во црквата „Свети Анастасиј“ во селото Џепчиште, при што се одземени одземени околу 200 денари, оштетени се околу десет ќерамиди и скршено е стаклото од влезната врата.
Тој влегол преку дрвениот прозор од олтарот на црквата, влегол внатре и ги украл парите од касата.
Ограбена била и црквата „Свети Богородица“ во Џепчиште, од каде биле украдени незначителен износ пари.
Тетовската полиција презема мерки за пронаоѓање на разбојниците./крај/мвр/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена истепана од својот вонбрачен партнер во центарот на Скопје
Вчера попладне во 13.00 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена пријавила дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер, 49-годишниот М.М. од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Расправија околу сообраќајна незгода заврши со тепачка меѓу двајца скопјани
Вчера попладне во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по расправија околу претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 60-годишниот В.А. и 34-годишниот М.Ч., двајцата од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Во Тетовско, во предизборен молк се лепел пропаганден материјал, полицијата го расчистува случајот
Денеска во 01.05 часот полициски службеници од СВР-Тетово постапиле по пријава дека лица кои биле со патничко моторно возило, во тетовски села, во период на предизборен молк, лепат пропаганден материјал за претстојните претседателски избори, при што во тетовско Синичане биле затекнати Р.Р.(19) и малолетник, двајцата од истото село, како поставуваат пропагандни материјали за кандидат за претседател на претстојните претседателски избори, извести МВР.
Со нив е извршен службен разговор во Полициско одделение-Камењане, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.