Црна хроника
Девојка во Хрватска криумчарела кокаин од Македонија
Загрепската полиција во две акции уапсила петмина препродавачи на дрога и запленила 290 грама кокаин, 193 гр. Хашиш и 10 гр. Марихуана, а меѓу уапсените е 23-годишна девојка којашто за препродавачите кокаинот го шверцувала од Македонија.
Како што пишува агенцијата Hina, девојката на 23-ти април со кокаинот сокриен во торбата допатувала со автобусот на редовната линија Тетово – Загреб и успеала дрогата да ја прошверцува во Хрватска.
Таа биле уапсена во првата акција на загрепската полиција којашто била изведена пред четири дена на Автобуската станица во хрватската престолнина кога биле легитимирани во приватен автомобил 23-годишната девојка и уште двајца мажи на 27 и 32-годишна возраст. При прегледувањето на возилото специјално обучениот пес за откривање дроги ја пронашол торбата во којашто имало 290 грама кокаин. Како што се покажало подоцна, торбата и’ припаѓала на девојката коишто двајцата мажи од автомобилот и уште еден 45-годишник ја ангажирале во Хрватска да им шверцува дрога којашто ја набавувале во Македонија.
Во втората полициска акција бил уапсен 39-годишник за кој имало сомневања дека на подрачјето на Загреб препродава марихуана и хашиш. Истрагата открила кај него 193 грама хашиш, 10 грама марихуана и дигитална вага. Засега загрепската полиција не открива од кого и на кој начин ги набавувал поголемите количества дрога./крај/хи/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец, побегнал од затворот во Куманово
Вчера во 20.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 29-годишниот Е.М. од Прилеп, извести МВР.
„Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор – Куманово, поради бегство од затворот“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворска казна од една година, три месеци и седум дена.
Црна хроника
Уапсен Турчин на Деве Баир, на увид дал фалсификувани документи
Вчера во 20.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот М.Д. од Република Турција, кој управувал товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека двете меѓународни зелени карти за осигурување биле фалсификувани, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.