Црна хроника
Општа тепачка во чајџилница во Чаир
Општа тепачка, во која било употребено и огнено оружје, се случила во саботата вечер во чајџилница во комплекс од Телевизија „Ера“.
Како што соопшти полицијата, во тепачката учествувале сопственикот на чајџилницата К.Е., односно неговиот син К.Д.(1996), К.Ф.(1972), К.М.(1992), К.Р.(1994) од едната страна и 10 лица од друга страна кои живеат на ул.Дижонска, при што од страна на 10-те НН лица користени се разни предмети, а по кажување на оштетените од 2 лица било користено огнено оружје каде се слушнале и три истрела.
Во пресметката сопстеникот на чајџилницата К.Е. се здобил со тешка телесна повреда во пределот на главата, а додека неговиот син К.Д. и К.Ф. се здобиле со полесни повреди и сите тројца се задржани во ГОБ за понатамошно лекување.
ПС-Бит Пазар и Одделот за крвни деликти при СВР-Скопје преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Тетовец агресивно се однесувал со полицаец што вршел обезбедување на претседателските избори
Вчера, во 18.45 часот, полициски службеници од СВР Тетово пред влезот на основно училиште во Тетово го привеле Ѓ. Ј. (37) од Тетово затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеник што вршел обезбедување при одржувањето на претседателските избори.
По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.