Црна хроника
Тројца осомничени за кражба на скутер од 15-годишна девојка
Двајца жители на село Орланци, општина Арачиново и еден жител на Куманово се осомничени за кражба на скутер во Куманово.
Двајца од нив се осомничени дека кражбата ја извршиле на 28 април, откако на паркинг плац зад кумановската стоковна куќа „Сума“ забележале 15-годишна девојка како управува со својот скутер, Еден од нив ја нападнал со гумена палка, го грабнал скутерот и побегнал од местото на инцидентот, додека вториот местото го напуштил во моторно возило.
Вечерта крадецот на скутерот заминал во Орланце, каде со негов соселанец се договориле да го продадат украдениот скутер. Откако се упатиле кон населбата Ченто, биле фатени и приведени од страна на полицијата.
Двајца од уапсените претходно се познати на полицијата за сторени повеќе „разбојништва“, „тешки кражби“, како и кривични дела со елементи на насилство и тоа „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“, „насилство“, „учество во тепачка“ и „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.
По спроведената истражна постапка од страна на Истражен судија од ОС Куманово на пријавените им е одреден притвор и тоа: на првопријавениот 30 дена, на третопријавениот 8 дена, додека на второпријавениот куќен притвор во траење од 30 дена. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.