Црна хроника
Полицаец прегази пешак во Битола
Полицаец во неделата прегазил пешак со службениот „крајслер“ во Битола, соопшти полицијата.
Настанот се случил околу 13,55 часот, на кртосницата од ул.„Васко Карангелевски“ и ул.„Партизанска“, при што пешакот со тешки повреди во вид на фрактури на десна потколеница и посекотини на главата, е пренесен и задржан на лекување во Клиничка болница-Битола.
Во незгодата причинета е материјална штета од околу 20,000 денари. Увид на лице место извршила увидна екипа од СВР-Битола, при што над возачот е извршено алкотестирање и не е утврдено присуство на алкохол во крвта. По наредба на ИС, од истиот е земена крв и урина за анализа. За незгодата е известен СВКПС. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мотоциклист удри во пешак на „Партизанска“, двајцата повредени
Синоќа, на булеварот Партизански одреди во Скопје, мотоцикл „дукати“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Е. П. (27) од Скопје, удрил во пешакот Н. Ѓ. (30) од с. Рашче, Скопско.
Во несреќата тешки телесни повреди добил пешакот, а мотоциклистот добил телесни повреди, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје, објави МВР.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Почина затвореник во Идризово
Вчера во 19:15 часот во СВР Скопје, од Казнено поправна установа Идризово Скопје било пријавено дека Р.Ф.(52) од с.Речане-гостиварско (осудено лице) починал, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи знаци на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Црна хроника
Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош
Во 03.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Карпош, од страна на непознати сторители, со употреба на физичка сила било влезено и одземен бил сеф со пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.