Црна хроника
Уште еден притворeн за тероризам во „Монструм“
Истрагата за „Монструм“ е проширена, Хаки Хазири е шестоосомничен за кривичното дело „тероризам“ и му е одреден 30-дневен притвор. Оваа информација ја потврдија од Основниот суд Скопје 1.
Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска изјави дека во последните 24 часа полицијата нема нови приведувања во врска со петкратното убиство кај Смилковското езеро, ниту нови информации за двајцата осомничени за тероризам по кои е распишана меѓународна потерница.
Од МВР објаснуваат дека ова не е ново приведување во акцијата „Монструм“. Хаки Хазири бил опфатен со посебниот извештај што беше поднесен против десетмината уапсени во акцијата „Монструм“, лица за кои полицијата немаше доволно докази и на кои што им беше одреден 48-часовен притвор. Сега се најдени нови докази против него за кривичното дело „тероризам“ и му е одреден притвор во траење од 30 дена.
Телевизијата Алсат–М известуваше дека семејството на Хаки Хазири по неговото приведување и пуштање од притвор, го немала видено и не знаеле каде е нивниот син.
Покрај него, за тероризам се осомничени уште пет лица кои директно се поврзуваат со масакрот кај Смиљковци. Тројца од нив се во притвор, а двајца се во бегство, најверојатно на Косово. По нив трага и Интерпол./крај/мвр/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Девојче нападнато од соученичка во основно училиште во Гази Баба
Ученичка била нападната пред два дена во основно училиште во Гази Баба.
Според пријавата, девојчето било нападнато од негова соученичка, а за случајот алармирал таткото на натепаното девојче.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Обид за убиство во прилепскиот затвор: со нож избоден осуденик
Полицијата поднесе кривична пријава против С.Р.(28) и Д.К.(39), двајцата од Прилеп, поради убиство во обид.
Од МВР информираа дека инцидентот се случил на 7 април во прилепскиот затвор, каде двајцата издржувале затворски казни.
Тие физички го нападнале осуденикот С.Ч., при што првопријавениот со нож му нанел убодна рана.
Црна хроника
Кривична за вработен во Национални шуми
Полицијата поднесе кривична пријава против Ј.Ш.(49) од Скопје, вработен во ЈП „Национални Шуми“, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“.
На 17.07.2023, пријавениот потпишал службена исправа во која внел неточни податоци за количината на натоварените дрва, со намера да се стекне со противправна имотна корист, објави МВР во дневниот билтен.