Црна хроника
Македонски државјанин криумчарел хероин во Хрватска
Македонски државјанин бил уапсен од загрепската полиција која кај него пронашла килограм хероин, а заедно со него е уапсена шестчлена група којашто дрогата ја набавувала во Македонија и ја препродавала на територијата на хрватската престолнина.
Групата криумчари во која имало и две жени, биле уaпсени на подрачјето на Загреб по повеќемесечна тајно следење и прислушување, пишува агенцијата Hina.
Организатор на групата кој лично дрогата ја носел со автомобил од Македонија и 44-годишен македонски државјанин, кој во вторникот навечер по испитувањето во хрватската агенција за организиран криминал USKOK со лисици на рацете се обидел да му побегне на полицискиот надзорник кој го спроведувал до комбито. Тој го бутнал полицаецот и се дал во бегство, но овој успеал да го фати.
Полицијата во гаражата на македонскиот државјанин пронашла 950 грама хероин, а со претражување на пет стана и еден автомобила пронајдени се уште три килограма смеса за мешање со хероин кокаин, 16.760 евра и 16.600 куни за кои полицијата се сомнева дека потекнуваат од препродажба на дрогата. Кај другите припадници на групата, како што наведува агенцијата, станува збор за „пониски“ препродавачи на дроги, биле пронајдени помали количества хероин и метадон.
Главниот помагач на македонскиот државјанин била неговата невенчана жена и нејзиниот поранешен сопруг..
Помошникот на началникот на Секторот за криминалистичка полиција на полициската управа на Загреб, Дамир Марачиќ, на вонредна прес-конференција изјавил дека со оваа акција е разбиена група криумчари којашто „имала одлични врски со наркомилјето на Балканот, ни пошироко“.
Хероинот во Хрватска главно доаѓа од една од ткн Балкански рути на дрогата, преку Македонија која според хрватките медиуми служи како своевиден собирен центар и место за препакување и подготовка на дрогите за натамошно криумчарење кон Западот.
На крајот од април загрепската полиција, исто така, откри група криумчари на кокаин меѓу кои беше и 23-годишна девојка којашто за препродавачите го носела од Македонија. Таа на 23-ти април со кокаинот сокриен во торба допатувала со автобусот на редовната линија Тетово – Загреб и успеала дрогата да ја прошверцува во Хрватска./крај/хи/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Почина затвореник во Идризово
Вчера во 19:15 часот во СВР Скопје, од Казнено поправна установа Идризово Скопје било пријавено дека Р.Ф.(52) од с.Речане-гостиварско (осудено лице) починал, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи знаци на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Црна хроника
Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош
Во 03.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Карпош, од страна на непознати сторители, со употреба на физичка сила било влезено и одземен бил сеф со пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со трактор излетал од коловоз, тешко повреден маж во Виничко
Вчера, во 17 часот, во Полициската станица Виница било пријавено дека во село Трстија, Виничко, трактор „фергусон“, со штипски регистарски ознаки, управуван од 63-годишниот С. Ј. од село Нов Караорман, општина Карбинци, излетал од коловозот, извести МВР.
„Во несреќата тешки телесни повреди добил возачот, констатирани во Клиничката болница во Штип“, соопшти МВР.
Извршен бил увид од екипа на ОВР Виница.