Црна хроника
МВР приведе лица барано по потерница за трговија со оружје
Припадници на одделот за Потраги при СВР Скопје седмицава привеле 31-годишник од Скопје, кој бил баран врз основа на Централна потерница од Основен суд Скопје-1
Скопјанецот со иницијали Сашо А, бил баран за издржување вкупна затворска казна од четири години и шест месеци, за три крвични дела.
Врз основа на три пресуди на Основниот суд Скопје 1 приведениот бил осуден за „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ со казна затвор во траење од две години; потоа за дело „тешкa кражбa“, осуден на затвор од две години и за кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ за што му била изречена шестмесечна затворска казна.
Припадниците на полицискат астаница центар го спровеле приведениот во скопскито затвор „Идризово“, на издржување на затворските казни, информирата во саботата од МВР./крај/со/мф.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.