Црна хроника
Малолетик силувал старица, татко му со оружје го бранел од полицијата
Татко на малолетно лице од Штип, кое што претходно силувало старица, со нож го бранел својот син од припадниците на полицијата, при што пружил активен отпор и повредил тројца полицајци.
Како што соопшти во саботата МВР, најнапред во петокот околу пладне 14 годишен малолетник од Штип извршил разбојништво и силување над 70 годишна штипјанка во нејзината викендичка во месноста Јакупино.Откако бил откриен идентитетот на разбојникот, припадници на полицијата во вечерните часови се упатиле во неговиот дом на улица „Косовска“ во Штип со цел да превезам соодветни мерки против него, но наишле на жесток отпор на неговиот татко.Лицето М.И. (37) од Штип, татко на малолетникот, почнал да упатува сериозни закани кон полицајците, по што од неговиот џеб извадил и употребил нож на расклопување. Истиот најпрвин со ножот замавнал, а потоа ја расекол службената маица во пределот на грбот на еден полицаец, а во понатамошната намера бил спречен од неговите колеги. При тоа М.И. пружил активен отпор и на друг УПС му нанел телесна повреда – црвенило и оток на лев образ во пределот на јаболчница коска и посекотини на прстите, по што му бил одземен ножот. По приведувањето истиот со удар со глава и со нога, нанел телесни повреди на уште двајца полицајци. На истите им била укажана лекарска помош во ЈЗУ-Штип, по што се пуштени на домашно лекување, а против М.И. е поднесена кривична пријава за „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ по што му е ореден притвор од 30 дена. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.