Црна хроника
Две агенции за обезбедување од Штип и Виница останаа без лиценци
Министерството за внатрешни работи им ги одзеде дозволите за работа на две агенции за обезбедување на лица и имот од Штип и Виница, бидејќи не ги исполнува законските услови за работа.
Без лиценца остана агенцијата „Титан груп“ од Штип, бидејќи при контрола било констатирано дека агенцијата применувала недозволени методи и средства, немала 10 вработени кои поседуваат лиценца за работа, а „обезбедувачите“ не носеле ни легитимации кога ги извршувале работните задачи.
Лиценцата и’ е одземена и на агецнијата „Шок сикјурити“ од Виница. И оваа агенција наместо 10 „обезбедувачи“ со лиценца имала вработена само пет.
Двете агенции имаат право на жалба во рок од 15 дена./крај/мвр/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.