Црна хроника
Дивееле во дом за згрижување деца и нападнале педагог
Тројца штитеници на заводот за згрижување, воспитување и образованине на деца и млади „Ранка Милановиќ“ во Скопје во петокот и’ се заканувале на 27-годишната вработена како педагог во домот.
Тројцата насилници и’ се заканувале на педагогот и на другите вработени во домот, со зборовите: „Ќе видиш што ќе ви направам, тебе ќе те убијам, ќе те силуваме, колата ќе ти ја запалиме, сите ќе ве уништиме, ќе ја искршиме цела зграда и ќе ја запалиме, директорката ќе ја убиеме, ќе видите што ќе се случи…“ и друго.
Пота едниот ја фатил педагогот за косата и почнал да ја влече. Потоа земале дрвени даски, влегле во управна зграда и почнале да удираат по предметите и да ги туркаат.
Потоа, во училишната зграда скршиле едно прозорско стакло, заштитна решетка од прозорец, едно стакло од влезната врата и растурале и кршеле низ дворот./крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена нападната од сопругот во Ѓорче Петров
Триесет и четиригодишна жена пријавила дека во домот на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од нејзиниот сопруг М.П.(28) од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Дете нападнато од неколку соученици во Скопско
Малолетно момче вчера на пладне било нападнато од неколку соученици во Булачани, Скопско.
Случајот во полицијата го пријавил таткото на детето.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка
Вчера во скопската населба Аеродром, по претходна расправија за паркинг, настанала физичка пресметка помеѓу И.С.(31) и М.Љ.(60), двајцата од Скопје, при што М.Љ. употребил и метален предмет, oбјави МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.