Црна хроника
Фатени на дело при кражба во Карпош
Припадниците на полициската единица „Алфа“ во средата, 16-ти мај, околу 02.30 часот по полноќ, интервенирале по добиени оперативни сознанија дека во тек е обивање на трафиката „Кораб Комерц“ на скопскиот булевар Партизански одреди, при што привеле две лица.
При обидот да ја ограбат трафиката, биле фатени 20 и 16-годишник од Скопје, кои биле приведени во полициската станица во населбата Карпош. Од разговорот со двајцата произлегло дека во кражбата учествувал и уште еден 17-годишник, кој дополнително бил приведен во полициската станица.
Во разговорите приведените признале дека покрај ова кривично дело извршиле и повеќе други кривични дела, во периодот од март до средината на мај годинава, и тоа сите на подрачјето на скопските општини Карпош и Ѓорче Петров.
Тие, според, сознанијата на полицијата извршиле две тешки кражби на велосипеди , откако насилно обивале влезни врати од затворени помошни простории; потоа две тешки кражби во помошни магацински простории коишто исто така ги извршиле со обивање на вратите, при што одзеле рачен алат за обработка на дрво и една вага. Тројката провалила и во една скопска фирма каде со хебла насилно ја отвориле влезната врата, одзеле еден компјутер со монитор и еден лап-топ, а на истиот начин провалиле и во бутик од каде што земале разни текстилни стоки.
За овие лица, по целосното комплетирање и документирање на случајот и настаните, до Основното јавно обвинителство во Скопје, ќе биде поднесена кривична пријава за сторени кривично дело „тешка кражба“./крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена истепана од својот вонбрачен партнер во центарот на Скопје
Вчера попладне во 13.00 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена пријавила дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер, 49-годишниот М.М. од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Расправија околу сообраќајна незгода заврши со тепачка меѓу двајца скопјани
Вчера попладне во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по расправија околу претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 60-годишниот В.А. и 34-годишниот М.Ч., двајцата од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Во Тетовско, во предизборен молк се лепел пропаганден материјал, полицијата го расчистува случајот
Денеска во 01.05 часот полициски службеници од СВР-Тетово постапиле по пријава дека лица кои биле со патничко моторно возило, во тетовски села, во период на предизборен молк, лепат пропаганден материјал за претстојните претседателски избори, при што во тетовско Синичане биле затекнати Р.Р.(19) и малолетник, двајцата од истото село, како поставуваат пропагандни материјали за кандидат за претседател на претстојните претседателски избори, извести МВР.
Со нив е извршен службен разговор во Полициско одделение-Камењане, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.