Црна хроника
Вранишковски „перел“ пари од МПЦ преку здружение
Расчинетиот владика на МПЦ-ОА и неговите приврзаници преку здружение што го формирале, се обиделе да ги „исперат“ скоро 250.000 евра, парите што Вранишковски ги проневери од МПЦ-ОА, објаснуваат од МВР.
Во полициската акција „Расколник“ за перење пари осомничени се вкупно 19 приврзаници на ПОА, меѓу кои и Вранишковски, петмина се во бегство, а Вранишковски веќе е во затвор за проневерата на црковните пари. Сите се осомничени за „перење пари“.
Според МВР, на 5 декември минатата година, тие отвориле трансакциска сметка во ТТК банка на име на Здружението за унапредување на граѓански и верски слободи Анастасија од Нижополе.
Еден од осомничените бил овластено лице, а другите 16 приврзаници веќе другиот ден извршиле уплата на криминално стекнатите пари, раситнети во поединечни суми во вкупен износ од пет милиони денари, односно околу 80 илјади евра.
Лани планирале да купат локал со големина од 300 метри квадратни во трговскиот центар „Лептокарија“, за 180.000 евра, износ кој било договрено да се исплати на четири рати до септември.
За да го прикрие потеклото на криминално стекнатите пари и да ја прошири активноста на ПОА, Вранишковски почнал да купува земјиште низ Македонија, за изградба на верски објекти.
Вранишковски во 2007 година го ангажирал негов роднина да купи земјиште во Нерези за 140.000 евра на име на вујкото на Вранишковски.
Третиот случај е регистриран во 2008 година, кога еден од пријавените со криминално стекантите пари купил нива во Дузлак во Штип од 4.000 метри квадратни за 15.000 евра, за да биде изградена црква.
„На ваквиот начин со купување името и формирање на здружение, а со цел да го прикријат движењето на криминално стекнатите пари и истите да ги покажат пред државните органи како да се легални пари, донации, физичките лица и правното лице се товарат дека сториле кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело“ велат од МВР.
Инаку, Вранишковски и во повтореното судење доби две и пол години затворска казна. Обвинет е за злоупотреба на 325 илјади евра, црковни пари на три епархии со кои тој раководеше, Преспанско – пелагониската, Брегалничката и Повардарската./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена истепана од својот вонбрачен партнер во центарот на Скопје
Вчера попладне во 13.00 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена пријавила дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер, 49-годишниот М.М. од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Расправија околу сообраќајна незгода заврши со тепачка меѓу двајца скопјани
Вчера попладне во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по расправија околу претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 60-годишниот В.А. и 34-годишниот М.Ч., двајцата од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Во Тетовско, во предизборен молк се лепел пропаганден материјал, полицијата го расчистува случајот
Денеска во 01.05 часот полициски службеници од СВР-Тетово постапиле по пријава дека лица кои биле со патничко моторно возило, во тетовски села, во период на предизборен молк, лепат пропаганден материјал за претстојните претседателски избори, при што во тетовско Синичане биле затекнати Р.Р.(19) и малолетник, двајцата од истото село, како поставуваат пропагандни материјали за кандидат за претседател на претстојните претседателски избори, извести МВР.
Со нив е извршен службен разговор во Полициско одделение-Камењане, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.