Црна хроника
Самоубиство во Охрид: Жена скокна од четврти кат
Средовечна жена од Демир Капија си го одзеде животот денеска претпладне во Охрид.
Самоубиството се случило на булевар Туристичка во непосредна близина на Охридска банка, кога жената од непознати причини скокнала од четврти кат, пренесува интернет весникот „Ohridnews“.Според неофицијални информации жената престојувала на гости кај свои роднини во Охрид, но сеуште не се познати мотивите за самоубиството.Од СВР Охрид го потврдија настанот и информираа дека се работи на целосно расветлување на случајот. крај/ohridnews/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.