Црна хроника
Му ја расекол главата со секира по кавга околу напасувањето на стоката
Жител на Кочани му ја расцепил главата со секира на сточар од кочанското село Главовица по кавга околу напасување на стоката, соопшти МВР.
Сточарот бил пронајден со повреди на главата вчера попладне околу 18 часот на местото „Ридот“ во атарот на селото Главовица.
Сточарот имал скршеница на десната надлактица и исекотини на главата, поради што бил пренесен во здравствениот дом во Кочани. Но, поради сериозноста на повредите, сточарот бил префрлен во ургентен центар во Скопје. /крај/мвр/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.