Црна хроника
Кондовец претепан и прободен оти ги обвинил соседите дека му краделе плочки
Жител на скопското село Кондово во неделата бил претепан и прободен со остар предмет во грбот оти ги обвинил соседите дека краделе бекатонски плочки од неговиот двор, соопшти МВР.
Во неделата околу 20.30 часот на улица „1“ во село Кондово, триесет идеветгодишниот Ф.А. и неговиот четиринаесетгодишен син го пресретнале нивниот сосед, четириесетгодишниот С.С. и почнале да го удираат со клоци и тупаници. Еден од нив го прободел во грбот со остар предмет.
Повредениот кондовец бил пренесен во градската болница „8-ми септември“, каде лекарите констатирале дека има убодна рана во грбот, расеченици на левата рака, по телото и главата.
Поради тешките повреди бил пренесен во Ургентен центар. Напаѓачите се приведени, а кај малолетникот бил пронајден шрафцигер со којшто најверојатно го прободел неговиот сосед. Против нив ќе следува соодветна пријава. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.