Црна хроника
Убиен кумановец кој пред неколку дена се вратил од Авганистан
Кумановец кој пред неколку дена се вратил од работа во Авганистан во својот роден град, утрово бил пронајден мртов во семејниот дом на улица „Миле Кипра“ во близина на т.н. Бунарче во Куманово, јавува kumanovonews.
Триесет и тригодишниот Томче Пешевски најверојатно бил удрен со тврд предмет во главата. Неговото мртво тело облеано со крв го пронашле соседите околу 5.40 часот.
Од полицијата потврдуваат дека станува збор за убиство, а повеќе информации најавуваат откако ќе заврши увидот на лице место.
Според информации од соседите, станува збор за човек кој е на привремена работа во Авганистан и пред неколку дена стигнал на одмор. Мотивите за убиството не се познати. /крај/kumanovonews/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Девојче нападнато од соученичка во основно училиште во Гази Баба
Ученичка била нападната пред два дена во основно училиште во Гази Баба.
Според пријавата, девојчето било нападнато од негова соученичка, а за случајот алармирал таткото на натепаното девојче.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Обид за убиство во прилепскиот затвор: со нож избоден осуденик
Полицијата поднесе кривична пријава против С.Р.(28) и Д.К.(39), двајцата од Прилеп, поради убиство во обид.
Од МВР информираа дека инцидентот се случил на 7 април во прилепскиот затвор, каде двајцата издржувале затворски казни.
Тие физички го нападнале осуденикот С.Ч., при што првопријавениот со нож му нанел убодна рана.
Црна хроника
Кривична за вработен во Национални шуми
Полицијата поднесе кривична пријава против Ј.Ш.(49) од Скопје, вработен во ЈП „Национални Шуми“, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“.
На 17.07.2023, пријавениот потпишал службена исправа во која внел неточни податоци за количината на натоварените дрва, со намера да се стекне со противправна имотна корист, објави МВР во дневниот билтен.