Црна хроника
Кумановка се обидела да го убие сопругот со чекан по глава
Кумановка се обидела да го убие својот сопруг, удирајќи го со чекан по главата, соопшти МВР.
Двајцата сопружници вчера на пладне почнале да се расправаат во семејната куќа на улица „Стојан Сликар“ во Куманово.
Педесет и петгодишната С.Ц. зела чекан и почнала да го удира во глава својот три години постар сопруг П.Ц.
Кумановецот поради сериозноста на повредите е пренесен во Ургентниот центар во Скопје и е задржан на лекување.
Извршен е увид на лице место и се преземаат мерки за расчистување на случајот./крај/мвр/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.