Црна хроника
Скриени меѓу вреќи со ориз сакале да ја напуштат Македонија
Четворица Пакистанци, скриени во камион со унгарски регистарски таблички натоварен со ориз, во четврток наутро се откриени на граничниот премин Табановце во обидот нелегално да ја напуштат Македонија.
Камионот натоварен со 24 џамбо вреќи со ориз тргнал од Грција, преку граничниот премин Богородица влегол во Македонија, а преку Табановце требало да продолжи преку Србија кон Унгарија.
Возачот на камионот, унгарски државјанин, утрото околу 09:30 часот се пожалил пред македонските царински служби дека сајлата на товарниот дел од камионот била скината во текот на ноќта. По проверката, службениците ги откриле четирите лица, од кои тројца се на граница од полнолетство, без лични документи.
Се претпоставува дека илегалците се со потекло од Пакистан. Илегалците се предадени на Министерството за внатрешни работи. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.