Црна хроника
Поради алкохол и српска музика нападнал сопственик на ресторан во Сарај
Две лица се повредени во меѓусебна расправија што во текот на ноќта се случила во кафана во скопски Сарај.
По крајот на работното време во 01:00 часот, во угостителскиот објект влегол 34-годишен жител на Сарај и откако на 53-годишниот сопственик му забележал зошто како муслиман пие алкохол и пушта српска музика, извадил нож и го нападнал. Во меѓусебната пресметка двете лица се здобиле со повреди. Откако ја забележал случката, 32-годишниот син на сопственикот на кафаната од кујната земал пиштол марка „ЦЗ“ калибар 7,65 и пукал во нозете на напаѓачот.
Со две устрелни рани напаѓачот побегнал во околината на ресторанот, а сопственикот успеал да ја повика полицијата. Први на местото на инцидентот пристигнале припадници на единицата „Алфи“, а потоа и полициска патрола од ПС Ѓорче Петров.
Напаѓачот е пренесен во Ургентниот центар, додека сопственикот на кафаната во Градската општа болница „8-ми Септември“. Синот на сопственикот на ресторанот не е достапен на полицијата.
За настанот се известени Истражен судија и Јавен обвинител. Се превземаат мерки за негово дорасчистување. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.