Црна хроника
Приведено момче за кражба избегало од ПС Кисела Вода
Дваесет и петгодишно момче, приведено во Полициската станица во Кисела Вода заради тешка кражба, успеало да побегне од прозорецот на тоалетот на станицата, заради што против одговорните лица ќе биде покрената дисциплинска постапка.
Полицијата ги привела 24 годишниот С.Д. викан „Лопата“ од Крива Паланка, инаку затвореник во бегство, 25 годишниот Н.А. викан „Крауч“ од Скопје, поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело „тешка кражба“. Со нив бил приведен и 23 годишниот М.Б. од Скопје, заради прикривање.
Тешката кражба првоосомничените ја извршиле на тој начин што на 15 април оваа година, во ноќните часови, во куќа сопственост на Ѓ.Ѓ. лоцирана на бул.„3-та Македонска бригада“ во Скопје, украле метална каса во која имало 25.000 евра и поголемо количество златен накит, а истовремено од плакарот украле и еден пиштол ЦЗ, две рамки за пиштол со куршуми кал. 9мм. и 50 куршуми кал.9мм. со што се стекнале со вкупна противправна имотна корист од 3 милиони денари.
Третоосомничениот иако знаел дека С.Д. се наоѓа во бекство од КП Идризово, каде што издржувал казна затвор и има сторено тешка кражба и дека од украдените пари купил ПМВ, за одреден паричен надоместок се согласил на свое име да го регистрира купеното ПМВ на кој начин го сторил кривичното дело прикривање. /крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.