Црна хроника
Битолчанец загина во сообраќајна несреќа на патот Прилеп-Витолиште
Битолчанец загина во сообраќајна несреќа на патниот правец Прилеп-Витолиште, во близина на патот за селото Бешиште.
Како што соопшти во недела полицијата, несреќата се случила во саботата во 18,30 часот во која Игор А.(1973) од Битола, управувајќи автомобил „мерцедес“, негова сопственост, поради неприлагодена брзина на движење, со возилото излетал надвор од патот и се извртел повеќе пати. Игор излетал од возилото и паднал на коловозот, здобивајќи се со тешки телесни повреди, од кои починал на самото место.
Увид на лице место извршила екипа од ПС-Прилеп. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.