Црна хроника
Осуммина приведени заради фалсификување пари
Осум жители на Ново Село се приведени под сомнение за фалсификување пари, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Полицијата во беровската дискотека „Калипсо“, по претходна пријава, во недела запленила три банкноти од по 1.000 денари, кои не поседувале воден жиг, а кои претходно биле пуштени во оптек.
Во акцијата на битолската полиција биле приведени А.Ј.(1991), Т.Б.(1994), В.В.(1993), Ѓ.Н.(1988), Т.С.(1991), М.М.(1990), Р.Д.(1989) и Д.В.(1986), сите од Ново село. /крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тетовец ја истепал сопругата
Полициски службеници на СВР Тетово, вчеравечер околу 21 часот и 35 минути во Тетово го лишиле од слобода 40-годишниот тетовец М.Е.
Тој претходно бил пријавен од неговата 43-годишна сопруга дека во семејниот дом физички ја нападнал.
Задржан е во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен соодветен поднесок, соопштија надлежните.
Црна хроника
Приведен крадец во Кавадарци
Вчера во 18.50 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го привеле Ф.Ј.(18) од Кавадарци.
Тој се сомничи дека извршил „кражба“ од дворот на манастирот „Свети Никола Моклишки“ во атар на с.Ваташа, кавадаречко, при што одзел повеќе предмети. Кај него биле пронајдени одземените предмети и биле вратени на сопственикот.
За настанот бил известен јавен обвинител и по негово документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
167 санкционирани возачи во Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје вчера продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 167 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 16 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, 14 санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, девет мерки за користење на мобилен телефон при возење…