Црна хроника
Лажно пријавила грабеж во Македонски пошти, за да го прикрие својот
Против 49-годишна скопјанка поднесена кривична пријава бидејќи е осомничена дека во саботата лажно пријавила разбојништво, со цел да присвои 500 илјади денари.
Имено вработената во „Македонски пошти“ во експозитурата лоцирана на ул.„Коце Металец“ во Скопје, била должна сите уплати направени тековно, секој ден да ги внесува во персоналниот компјутер. Но, во засега неутврден временски период, таа со лажно преставување на фактичката состојба во експозитурата, успеала да присвои околу 500 илјади денари.
Најверојатно откако и’ станало јасно дека нема да може да ги врати овие средства, службеничката во саботата околу 09,30 часот, полициската станица „Гази Баба“, лажно пријавила дека непознато маскирано лице со закана со пиштол извршило разбојништо во експозитурата, при што одзело околу 500 илјади денари, средства кои таа наводно ги подготвувала да ги предаде на Службата за обезбедување на „Македонски пошти“.
Веднаш по пријавувањето грабежот, полициски службеници од СВР Скопје, заедно со одговорните лица од „Македонски пошти“ извршиле увид на местото на настанот. Од извршениот увид, пописот на документите и персоналниот компјутер во експозитурата, пописот на паричните средства, како и од анкетирањето на граѓани, полицијата дошла до сознание дека службеничката лажно го пријавила грабежот за го прикрие присвојувањето на парите.
По ова, по наредба од Основен Суд Скопје 1, бил извршен претрес во домот на службеничката, при што биле пронајдени 30 илјади денари, коишто како што се покажало подоцна, се дел од парите кои таа си ги присвоила./крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена истепана од својот вонбрачен партнер во центарот на Скопје
Вчера попладне во 13.00 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена пријавила дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер, 49-годишниот М.М. од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Расправија околу сообраќајна незгода заврши со тепачка меѓу двајца скопјани
Вчера попладне во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по расправија околу претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 60-годишниот В.А. и 34-годишниот М.Ч., двајцата од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Во Тетовско, во предизборен молк се лепел пропаганден материјал, полицијата го расчистува случајот
Денеска во 01.05 часот полициски службеници од СВР-Тетово постапиле по пријава дека лица кои биле со патничко моторно возило, во тетовски села, во период на предизборен молк, лепат пропаганден материјал за претстојните претседателски избори, при што во тетовско Синичане биле затекнати Р.Р.(19) и малолетник, двајцата од истото село, како поставуваат пропагандни материјали за кандидат за претседател на претстојните претседателски избори, извести МВР.
Со нив е извршен службен разговор во Полициско одделение-Камењане, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.