Црна хроника
Двајца повредени при напад во автобус на ЈСП
Неколку млади лица, чии идентитети засега се непознати, во среда вечер без причина нападнале двајца патници во автобусот број „3“ на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје во населбата Аеродром.
Како што соопшти полицијата, групата околу 23.20 часот на булеварот „Јане Сандански“ го попречиле движењето на автобусот управуван од Т.А.(47) и го принудиле да застане.
Кога автобусот сопрел возачот ги отворил вратите, а две-три лица од групата влегле во автобусот и ги нападнале патниците.
Прво нападнале патник, кој седел на долниот кат, а потоа се качиле на горниот кат од автобусот и со тупаници и клоци го нападнале В.Т. (24). Откако завршиле со насилството напаѓачите го напуштиле автобусот.
Повредениот В.Т. бил пренесен во Клиничкиот центар, а откако му биле санирани повредите е пуштен на домашно лекување.
Полицијата го истражува случајот и во тек е утврдување на идентитетот на другиот повреден, но и на напаѓачите. Причините за нападот се непознати. /крај/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.