Црна хроника
Вработени во МФ и директорот на ЈАТП „Полет“ проневериле над 2 мил. евра
Двајца вработени во Министерството за финансии(МФ), едниот од Скопје другиот од Тетово и поранешен директор на претпријатието на ЈАТП „ПОЛЕТ“ Тетово проневериле над 2 милиони евра, соопшти МВР.
Против нив е поднесена кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување.
Едниот од вработените во Министерството за финансии во својство на Претседател на комисија за одлучување по барања за денационализација со седиште во Гостивар и другиот како Раководител на Одделение за првостепена управна постапка во Тетово, во 2004 година иако знаеле дека е започната постапка за денационализација на недвижен имот во Тетово, му овозможиле на директор во име на ЈАТП „ПОЛЕТ“ Тетово да купи дел од имотот (парцела), предмет на денационализација.
Поранешниот директор немал право да купува и продава имот во име на „ПОЛЕТ“ бидејќи основач на претпријатието е Совет на Општина Тетово и само општината може да одлучува за имотот и потребите на претпријатието.
Со тоа ја оштетиле државата и барателите на имотот -предмет на денационализација и претпријатието во износ од 136.755.397, 00 денари или 2.223.665 евра./крај/мвр/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Приведен крадец во Кавадарци
Вчера во 18.50 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го привеле Ф.Ј.(18) од Кавадарци.
Тој се сомничи дека извршил „кражба“ од дворот на манастирот „Свети Никола Моклишки“ во атар на с.Ваташа, кавадаречко, при што одзел повеќе предмети. Кај него биле пронајдени одземените предмети и биле вратени на сопственикот.
За настанот бил известен јавен обвинител и по негово документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
167 санкционирани возачи во Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје вчера продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 167 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 16 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, 14 санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, девет мерки за користење на мобилен телефон при возење…
Црна хроника
Четири лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Четири лица пријавиле во полициска станица дека биле искасани од кучиња скитници вчера во Скопје.
На 26.03.2024 во 12.55 часот во Полициската станица Центар, А.К.(24) од Прилеп пријавил дека на ул.„Орце Николов“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 26.03.2024 во 13.35 часот во Полициската станица Центар, И.А.(60) од Скопје пријавил дека на ул.„Радњанска“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 26.03.2024 во 13.50 часот во Полициската станица Центар, В.В.(57) од Охрид пријавил дека во Скопје, на подрачјето на Центар бил каснат од куче скитник.
На 26.03.2024 во 12.45 часот во Полициската станица Аеродром, Д.К.(53) од Скопје пријавила дека на ул.„Беласица“ во Скопје била касната од куче скитник.