Црна хроника
За половина намалена казната на првообвинетиот за убиството на Новаковиќ
Апелациониот суд во Битола одлучи да ја намали претходно изречената затворска казна на првообвинетиот Митре Костоски, обвинет за убиството на српскиот турист Дејан Новаковиќ во 2010 година, јавува Ohridnews.
По жалбите на адвокатите на одбраната, Апелациониот суд одлучи казната затвор за Костоски, од претходно изречените четири години, да се намали на две години, во кои се пресметува и времето поминато во притвор од една година и три месеца.
Во однос на останатите обвинети во случајот, второстепениот суд ги потврди казните, односно 4 години и 6 месеци за Илче Јоноски, една година за Ѓоко Наумоски и 4 години и 9 месеци за Драган Ѓорѓевиќ кој е во бегство.
Дејан Новаковиќ беше убиен на 27 август лани во центарот на Охрид./крај/ох/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.