Црна хроника
Најголем број сообраќајки во лето, високите температури влијаат врз возачите
Со високите температури во летниот период се зголемува и бројот на сообраќајните несреќи. Најголем број на сообраќајки со тешки последици се случуваат во јули и август од 11 до 17 часот, покажуваат статистичките податоци на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот (РСБСМ).
Експерти за безбедност и сообраќајот и медицински експерти направија студија за влијанието на дневните температури во летниот период врз однесувањето на возачите и врз безбедноста на сообраќајот на патиштата.
Истражувањето со кое биле опфатени 1450 возачи покажало дека една третина од нив имале негативно искуство кога возеле на високи температури. Високите температури најлошо влијаат на возачите над 40 и над 60 години.
Меѓутоа повеќе од две третини од возачите секојдневно мораат да го возат автомобилот на високи температури, за да ги исполнат обврските. Притоа повеќето од нив не знаат да дадат прва помош на лицата со топлотен удар.
Најкритични места се долгите редици на наплатните рампи, редиците на семафорите и на граничните премини.
Поради ваквите резултати, РСБСМ и „Црвениот крст“ ќе преземат активности за подигање на јавната свест кај возачите. Ќе бидат подготвени флаери за сите учесници во сообраќајот за најчестите здравствени последици од високите температури, како да бидат препознаени и какви мерки да се преземат.
Дел од препораките како да се заштита од топлотниот бран е да сене се излегува во најтоплиот период од денот од 10 до 17 часот, да се носи светла и лесна облека, да се внесува помало количество на храна, да се избегнува мрсна храна и алкохолни пијалоци.
Внесувајте големо количество течност. Кога сте во своето возило, отворете го прозорецот за да овозможите вентилација на воздухот. Целосно затворените врати стануваат жешки“ стои во препораките.
Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска препорачува возачите да ја прилагодат брзината на условите на патот, бидејќи неприлагодената брзина е најчеста причина за сериозни сообраќајки.
„Да го прилагодат своето однесување во сообраќајот, односно во услови кога чувствуваат замор или слабост од било кои причини многу е посоодветно да го прекинат патувањето да застанат да се одморат, да го продолжат кога ќе се почувствуваат способни наместо да импровизираат и да се доведат во опасност и себеси и сите оние кои учествуваат во сообраќајот. Се разбира да ги почитуваат сите сообраќајни правила и прописи и да го прилагодат своето однесување кон временските прилики, условите на патиштата“ препорачува Јанкулоска./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.