Црна хроника
Откриени двајца авганистански илегални мигранти
Две лица мигранти од Авганистан, на возраст од 178, односно 17 години, биле пронајдени во петокот вечерта во камион со охридски регистерски таблички, кај наплатната рама Романовце –Куманово.
Товарното возило се сообраќало на релација од Австрија кон Македонија, натоварено со декларирана стока (хартија). Откриените илегални мигранти, според направените разговори со лицата и возачот, имале намера да продолжат со патување во земјите од ЕУ, а за возврат на тоа платиле 2.000 евра на лице од Курдистан.Мигрантите за возачот камионот рекле дека не го познаваат и со него немале контакти, односно дека истиот, наводно не бил инволвиран во организацијата околу транспортот на лицата. Имено, претходно возачот од нивна страна бил следен и на територијата на Хрватска, додека не бил присутен во возилото, организаторите ја скинале пломбата и лицата влегле во камионот, по што повторно ја вратиле пломбата на место.Лицата се предадени на понатамошна постапка, сместени се во Прифатниот центар за мигранти, и по целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец, побегнал од затворот во Куманово
Вчера во 20.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 29-годишниот Е.М. од Прилеп, извести МВР.
„Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор – Куманово, поради бегство од затворот“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворска казна од една година, три месеци и седум дена.
Црна хроника
Уапсен Турчин на Деве Баир, на увид дал фалсификувани документи
Вчера во 20.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот М.Д. од Република Турција, кој управувал товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека двете меѓународни зелени карти за осигурување биле фалсификувани, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.